Tuesday, November 18, 2014

Како би изгледал животот на Марс?

На Земјата постојат луѓе кои се подготвени да платат милијарди долари за да ги однесат луѓето на Марс. Таква е на пример Space X на милијардерот Елон Маск кој веќе извесен период размислува за оваа идеја, а неколку организации веќе јавно ги објавија своите намери, како Mars One Која планира до 2022 година да одведе луѓе на „Црвената планета“.
Mars One планира да испрати одредена група луѓе, откако ќе поминат 7-годишна ригорозна подготовка, на Марс и од тоа да направи телевизиско шоу. Нивната мисија ќе биде во една насока, односно тие таму ќе стартуваат колонија и ќе останат да живеат. Сепак, во моментот не постои технологија што би ги одвела до таа планета.
Зад оваа идеја не стојат обични сонувачи, туку познати космолози и инженери, како и Баз Олдрин кој е голем поборник за идејата за колонизација на Марс во блиска иднина.

Две тактики за населување

Во моментот постојат две главни опции за колонизирање на Марс. Првата бара создавање на вештачка средина која би ги штитела луѓето од негостољубивата планета, а ако во блиска иднина стартува колонизирањето, тогаш тоа ни е најдобрата опција.
Втората опција е тераформирање и за неа е потребно многу повеќе време. Тоа опфаќа промена на површината и атмосферата, на начин за да потсетува на Земјата. Марс ги има сите елементи потребни за живот - вода, фосфор и јаглерод, а претпоставките се дека некогаш оваа планета имала влажна клима.

Како ќе изгледа животот на Марс

Нашите тела се еволуирани за живот на Земјата. Вселенските патувања уште сега покажуваат дека недостатокот на гравитација и недоволниот простор можат да доведат до депресија, умор, атрофирање на мускулите, па и до промена на физиологијата на очите.
Едноставно кажано, ние не сме адаптирани да бидеме вселенски истражувачи. Животот на Марс ќе мора да ги следи правилата поставени на нашата планета, што значи многу вежбање, соодветна исхрана и воспоставување гравитација како таа на Земјата. Колку за споредба гравитацијата на Марс е само 38 проценти од таа на која сме навикнати.
Сигурно постојат и многу покомплексни работи за кои се уште не сме свесни, како важноста на бактериите во секојдневниот живот, кои можеби не постојат во стерилната средина на Марс.
Атмосферата на Марс е многу „тенка“ односно само 1 процент од Земјината. Тоа значи дека површината на Марс не е заштитена од вселенската радијација. Иако тераформирање може да го смени тоа, на долг рок, краткорочно гледано, просторот за живот и оделата за истражување ќе мора да можат да ја издржат таа радијација.
Првите колонисти би морале да живеат во мали заедници и во оскудни услови, а дел од опремата ќе мора да биде донесена до таму, додека друг дел ќе мора да се склопи на планетата.
Добра работа е што површината на Марс содржи многу кристали на вода, што отвора можност за одгледување на билки.

Опасноста од истребување на колонијата

Една голема опасност, е што евентуалната грешка или системски проблем, може да значи комплетно истребување на колонијата. Покрај опасноста од самиот пат и влез во атмосферата на Марс, самата планета е прилично негостољубива кон луѓето.
На Марс беснеат песочни бури кои кога би биле на нашата планета би можеле да откорнат дрво од земјата. Овие бури се чести, но до сега не му направија никаква штета на роверот.
Марс исто така е многу ладен, а просечната температура изнесува -55 степени Целзиусови, додека на половите може да падне до -153 степени.
Марс дефинитивно е следна граница за човечката раса, а иако постои дилема дали таму ќе живеат луѓе за неколку години, веќе има огромен број на заинтересирани колонизатори и компании кои сакаат да го направат тој чекор.

Откриено што го отежнало создавањето живот на Марс

Во минатото Марс бил прекриен од големи вулкани чии ерупции биле илјадапати посилни од ерупцијата која во 1980 година се случила на планината Света Елена во САД, потврдија научниците во најновото истражување објавено во списанието Nature.
Резултатите од истражувањето поставуваат нови прашања за условите на Марс во неговите рани години на постоење, во периодот кога планетата наликувала на Земјата, имала погуста атмосфера, повисоки температури и вода на површината.
Најголемите вулкански ерупции ги покренале климатските промени кои се менувале. Овие супервулкани го отежнувале животот на планетата, но подземните води испуштале пареа и исфрлувањето вода во атмосферата можеле да придонесат за создавање услови за развој на микроби, додава геологот Џозеф Мичалски од Институтот за планетарна наука во Тускона, Аризона.
До откритието за вулканите дошол од деталните анализи на снимките кои во последните 15 години се направени од 4 сонди што орбитираат околу Марс, пренесува Guardian.
„Многу знаеме за вулканската историја на Марс во последните 3 милијарди години, но се уште ни останува уште 1 милијарда година пред тоа за која, кога станува збор за вулканите, всушност не знаеме баш многу“, вели Мичалски.
Научниците објаснуваат дека супервулканите еруптираат со сила што е илјадапати посилна од силата на типичните вулкани како оној на планината Света Елена. Тој вулкан го сруши врвот на планината, уби 57 луѓе, а течниот пепел, пареата, водата и делови од карпите летаа 24.000 метри во височина.
Доказите за некогашните супервулкани на Земјата се избришани по судирите на тектонските плочи и останатите геолошки активности.

Дали може да живееме на Марс?

Како што човештвото напредува во полето на патување во вселената, сè повеќе напорите се насочени кон истражување на други планети и барање соодветна алтернатива за Земјата, на која би можеле да преживеат човечките суштества. Една од планетите која се спомнува коgа се дискутрира на оваа тема е Марс.
Иако денес ја нарекуваа ладна, црвена и мртва, планетата Марс некогаш имала доволно вода, а и денот трае 24 часа и 37 минути - најприближно до деноноќието на нашата планета. Но во однос на денешната ситуација, главното прашање е дали всушност може да ја колонизираме оваа планета?
Осврнувајќи се на составот на Марс, оддалеченоста од сонцето и колку тие нешта ќе дозволат човечки живот, како и почва за одгледување на овошје и зеленчук, видеото на AsapSCIENCE прави кратка анализа на реалните шанси на колонизирање на оваа планета.

Пушин Рубрика-Извонредна фотографија од Млечниот пат

Пушин Рубрика (Вселена)



За астрономска фотографија на денот, NASA го избра ова ремек дело на астро-фотографот Дејвид Лејн каде одлично е доловен Млечниот Пат.
На панорамата го гледаме Млечниот пат над Devils Tower (Кулата на ѓаволот), Вајоминг, природна формација која официјално е природна знаменитост на САД.

Пушин Вселена-НАСА објави фотографии од непознат објект во морето на месечината Титан

Пушин Рубрика (Вселена)



НАСА објави фотографии од две непознати објекти во најголемото море на месечината на Сатурн - Титан. Астрономите ја забележале оваа појава пред извесен период, но интересното е дека е видлива на фотографиите од 2013 година, но не и на најновите фотографии направени во август.
Едно од можните објаснувања е промената на годишните времиња на Титан.
Исто така постојат и четири различни теории за можните причини за разликите во изгледот на морето.
Првата вклучува зголемена брзина на ветерот, додека втората претпоставува замрзнување на морето. Третата превидува разни материјали кој пловат по морето, додека четвртата ја разгледува опцијата за подводни гасови.
„Можеби станува збор за бранови, а можеби е нешто поцврсто од течност. Она што го знаеме е дека нешто создава рефлексија на површината на морето“ - изјави Џејсон Содерблум од МИТ.
Водените површини на Титан се составени од течни форми на етан, метан и пропан

Pusheen The Cat - No shave November styling suggestions / Пушин Мачката - Нови модни предлози за ноември








Sunday, November 16, 2014

Pusheen & Pet City Fashion - Kim Monroe (3)

Пушин Убавина


-------------------------------------------------------------------------
Сите заинтересирани нека се пријават во коментар










----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


Ким Монро

КИМ денес носи фустан од 20 зеленки и мустаки од 3 зеленки (во долната слика е без мустаки)


Pusheen The Cat - If cats were giant - Пушин Мачката - Да беа мачките гиганти








Pusheen & Pet City Fashion - Kim Monroe (2)

Пушин Убавина


-------------------------------------------------------------------------
Сите заинтересирани нека се пријават во коментар










----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


Ким Монро


Ким денес носи сиво фустанче од 4 зеленки и убави црни штилки од 2 зеленки

На Ким одлично и стои овој комплет се надевам дека и вие го делите истото мислење во прилок иде уште една слика од Ким

Saturday, November 15, 2014

Pusheen & Pet City Fashion - Kim Monroe (1)


Пушин Убавина


-------------------------------------------------------------------------
Сите заинтересирани нека се пријават во коментар








--------------------------------------------------------------------------------------------------------



Ким Монро


Ким носи фустанче од 6 зеленки и штикли од 2 зеленки.

Кармин - 40 зел
Руменило- 14 зел


-------------------------------------------------------


Pusheen Morning - Battle Star / Утро со Пушин - СТАРТ !!

Добро Утро , Ова утро решивме да го започнеме со една приказна и со најава на нова рубрика а таа рубрика ќе се вика во стилот на KIM

Приказна

Friday, November 14, 2014

Пушин Рубрика-Верувале или не: Windows 98 на iPhone 6 Plus!

                                                                  Пушин Рубрика

                                                                    технологија


------------------------------------------------------------------------






Има ли подобар начин да ја прославиме втората декада од животот на Windows 98 отколку со инсталирање на овој оперативен систем на еден од најдобрите телефони во светот? Кинеските хакери велат дека...нема!
Всушност, не треба да бидеме изненадени за функционирањето на Windows 98 на уредот на Apple. iPhone 6 е далеку помоќен од било кој персонален компјутер во 1998-ма година, така што оперативниот систем би требало да функционира перфектно.
Но, како што може да забележите на фотографиите подолу, веднаш ќе се присетиме на Win 98 - нејасни пораки со грешки, позадина во една боја и сиви менија...духот на носталгијата!
Хеј, барем Start менито работи! :)
Засега е непознато која постапка е користена од хакерите за да го пуштат Windows 98 на iPhone 6 Plus. Најверојатно е користена верзија на iDOS, односно емулатор за да се пушти оперативниот систем и токму тоа е причината за сите грешки кои се појавуваат.

Pusheen The Cat - How to make Pizza / Пушин Мачката- Како да направиш пица







Направи заедно со Пушин-Направи сам: лампа од пластични чашки


Направи заедно со Пушин
Нова рубрика каде што ќе дадеме екстра совети да за правење на кул работи (секој петок)

-------------------------------------------------------------------





Направи сам: лампа од пластични чашки


Лустер од пластични чашкиЧекори 1, 2, 3Ако ви е здосадено од дизајнот на вашата лампа и сакате да го смените, тогаш ние имаме едно едноставно решение за вас. Во овој пост ќе ви покажеме како да направите дизајн на лампа користејќи само пластични чашки.

Најпрво, земете ги пластичните чашки и залепете ги една до друга. Кога ќе завршите еден ланец од чашки, направете нов ланец над него.

Доколку сакате да направите лустер како на сликата погоре, тогаш можете да користите жешко лепило за да ги залепите ланците од чашки на таванот. Во продолжение, ви покажуваме уште неколку идеи за лампи од чашки:
Идеи за лампи од пластични чашки1Идеи за лампи од пластични чашки2 Идеи за лампи од пластични чашки3

Пушин Рецетпти-ПОСНИ ЛЕШНИК КОЛАЧИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

Пушин Рецепти

Нова рубрика во која ќе има рецепти (секој ден по два нови рецепти)

---------------------------------------------------------------
Пушин Мачката 2014








7

Потребни состојки:
• 2 лажици мед – да се загрее
• 100 гр мелени лешници
• 100 гр мелени посни бисквити
• 80 гр шеќер во прав
• 1 лажичка рум
• 1 ванила
• 1 лажица путер
• 1 кора од портокал
• Сок од еден портокал
• 200 гр рендано чоколадо
Подготовка:
Наведените состојки се мешаат и се формираат топчиња.
По желба може да се чоколадираат, да се посипат со чоколадни мрвици, или со мелени лешници.