Friday, November 14, 2014

Пушин Рубрика-Верувале или не: Windows 98 на iPhone 6 Plus!

                                                                  Пушин Рубрика

                                                                    технологија


------------------------------------------------------------------------






Има ли подобар начин да ја прославиме втората декада од животот на Windows 98 отколку со инсталирање на овој оперативен систем на еден од најдобрите телефони во светот? Кинеските хакери велат дека...нема!
Всушност, не треба да бидеме изненадени за функционирањето на Windows 98 на уредот на Apple. iPhone 6 е далеку помоќен од било кој персонален компјутер во 1998-ма година, така што оперативниот систем би требало да функционира перфектно.
Но, како што може да забележите на фотографиите подолу, веднаш ќе се присетиме на Win 98 - нејасни пораки со грешки, позадина во една боја и сиви менија...духот на носталгијата!
Хеј, барем Start менито работи! :)
Засега е непознато која постапка е користена од хакерите за да го пуштат Windows 98 на iPhone 6 Plus. Најверојатно е користена верзија на iDOS, односно емулатор за да се пушти оперативниот систем и токму тоа е причината за сите грешки кои се појавуваат.

No comments:

Post a Comment