Tuesday, November 18, 2014

Откриено што го отежнало создавањето живот на Марс

Во минатото Марс бил прекриен од големи вулкани чии ерупции биле илјадапати посилни од ерупцијата која во 1980 година се случила на планината Света Елена во САД, потврдија научниците во најновото истражување објавено во списанието Nature.
Резултатите од истражувањето поставуваат нови прашања за условите на Марс во неговите рани години на постоење, во периодот кога планетата наликувала на Земјата, имала погуста атмосфера, повисоки температури и вода на површината.
Најголемите вулкански ерупции ги покренале климатските промени кои се менувале. Овие супервулкани го отежнувале животот на планетата, но подземните води испуштале пареа и исфрлувањето вода во атмосферата можеле да придонесат за создавање услови за развој на микроби, додава геологот Џозеф Мичалски од Институтот за планетарна наука во Тускона, Аризона.
До откритието за вулканите дошол од деталните анализи на снимките кои во последните 15 години се направени од 4 сонди што орбитираат околу Марс, пренесува Guardian.
„Многу знаеме за вулканската историја на Марс во последните 3 милијарди години, но се уште ни останува уште 1 милијарда година пред тоа за која, кога станува збор за вулканите, всушност не знаеме баш многу“, вели Мичалски.
Научниците објаснуваат дека супервулканите еруптираат со сила што е илјадапати посилна од силата на типичните вулкани како оној на планината Света Елена. Тој вулкан го сруши врвот на планината, уби 57 луѓе, а течниот пепел, пареата, водата и делови од карпите летаа 24.000 метри во височина.
Доказите за некогашните супервулкани на Земјата се избришани по судирите на тектонските плочи и останатите геолошки активности.

No comments:

Post a Comment