Thursday, November 13, 2014

Пушин Хороскоп од 10.11.2014 до 17.11.2014

Пушин Хороскоп 

Важи до Понеделник (17.11.2014)
----------------------------------------------------------------
Нова Рубрика на нашиот блог.Заеедно со нашите пријатели од Xoroskop.mk решивме да направиме нова неделна рубрика !! насловена ,,Пушин Хороскоп,,



-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


ОвенОвен
 21.03-20.04
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Без разлика што понекогаш вашето љубовно расположение ќе спласне, во срцето сепак ќе најдете трошка радост. Можеби нема да има толку атрактивни љубовни прилики, но она што до сега сте го изградиле е гаранција дека овие денови ќе ги поминете мирно.
Работа: Вработените во сите дејности поврзани со динамични активности со својата работа ќе можат да дојдат до израз повеќе од вообичаено. Многумина ќе бидат препознаени како таленти или барем како квалитетни работници. Останатите ќе бидат интересни за другите.
Здравје и совет: Бидете она што сте и немојте да се грижите.

БикБик
 21.04-20.05
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Малку ќе се олабавите и на порелаксиран начин ќе заведувате и уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас, а тоа уште повеќе ќе ве зближи. Оние што се сами лесно ќе наоѓаат друштво. Сè може да почне незадолжително, но ќе има и расправии.
Работа: Ќе има денови кога ќе бидете во искушение на самозаљубеност. Вашата самопроценка треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа подобро ќе биде да им препуштите на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поуверливо.
Здравје и совет: Мал пад на имунитетот.
БлизнациБлизнаци
 21.05-20.06
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Заедно со саканата личност ќе поминувате интересни искуства во кои двете страни ќе откриваат нешто ново. Ќе сфатите дека не само што сакате, туку и делите многу заеднички нешта. Оние што се сами исто така ќе бидат отворени за нови искуства.
Работа: Ќе делувате на разни фронтови, но нема да постои ништо толку силно кое потполно ќе ве преокупира. Ќе функционирате добро со внимателно организиран одмор. Одморот ќе ви треба затоа што сега имате помалку сила од вообичаено.
Здравје и совет: Ќе размислувате за смислата на живеењето
РакРак
 21.06-20.07
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Ќе бидете сигурни во своите чувства  без разлика на надворешните околности. Нема да дозволите ништо да ве попречи при остварување на љубовните предизвици. Освојувачите ќе освојуваат со голема самодоверба, а оние што се во врска ќе го поттикнуваат партнерот на позитивен став.
Работа: Најдете во себе сила да поставите подобри критериуми во работата и да го завршите она што морате. Немојте да поставувате недостапни цели бидејќи сте во фаза на премногу предизвици, а вашата енергија е на минимум. Планирајте во мислите.
Здравје и совет: Редовно релаксирајте се и доволно спијте.

ЛавЛав
 21.07-21.08
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Вашиот љубовен живот ќе стане потивок и подискретен. Оние што се во врска ќе одат на сосема вообичаени места каде што секојдневно се движат, а можностите за излегување на атрактивни места ќе ги занемаруваат. Оние пак што се сами ќе флертуваат со личност од работното опкружување.
Работа: Со мали чекори може да се помине иста оддалеченост како и со големи. Тоа што во моментов ви недостасуваат атракции не е знак дека работата не ви оди добро. Малата монотонија може да се надмине со оригинално решение за хумор. Најдобро ќе ви биде дома.
Здравје и совет: Благ пад на имунитетот. Олабавете малку.

ДевицаДевица
 21.08-22.09
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Ќе ви биде подеднакво важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како да се забавувате. Некои ќе ја тешат саканата личност и ќе ја забавуваат, така елиминирајќи ги нејзините проблеми. Ќе се покажете како одличен, но и чувствителен забавувач.
Работа: Во соработка со млади личности или нови соработници ќе покажете емоции повеќе одошто треба. Внимавајте да не излезете непрофесионални. Проблемите во комуникацијата е резултат на брзање. Со подобра подготовка ќе дојдете до поголема сталоженост и мир.
Здравје и совет: Нема потреба од брзање.
ВагаВага
 23.09-22.10
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Вашите љубовни апетити ќе бидат големи, а објективните прилики помали. Сепак ќе најдете рамнотежа и задоволство. По некоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Главно ќе бидете добро.
Работа: Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно и најдете во себе трпение и сила. Имате доволно самодоверба и ви се чини дека целиот свет е ваш. Тргнете.
Здравје и совет: Практикувајте јога со медитација.

СкорпијаСкорпија
 23.10-22.11
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија, особено не мотивирана со љубомора, нема да донесе резултати. Време е да се играат игри со затворени карти, па бидете воздржани. Ќе биде добро.
Работа: Вработените во самостојни бизниси  веројатно ќе мора да работат прекувремено. И останатите ќе работат многу, па нема да имаат време да размислуваат ниту да ја согледаат својата позиција. Главно, повеќето се добро затоа што имаат работа.
Здравје и совет: Немојте да заборавите на редовен и добар сон.
СтрелецСтрелец
 22.11-21.12
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Страста која ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. Се чини дека точно знаете што сакате и очекувате од саканата личност. Сепак ќе ви треба малку повеќе трпение за да се искристализираат ставовите. Бидете потолерантни.
Работа: Како што ќе одминува седмицата сè почесто ќе сфаќате дека оние неопипливите или скриените теми сè повеќе добиваат на значење. Кон крајот од седмицата тоа ќе ви биде толку важно што би можеле да ја занемарите реалноста. Немојте да заборавите да ја завршите својата работа.
Здравје и совет: Немојте да претерувате со медитирањето.
ЈарецЈарец
 21.12-19.01
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Вашата енергичност и активност во љубовниот живот понекогаш ќе се граничи со лудост. Не се исклучени ниту мали љубоморни сцени, но како дошле така пошле. Ви треба малку повеќе самоконтрола за да бидете посреќни.
Работа: Ќе ви се чини дека сè можете сами. Сепак поддршката од другите добро ќе ви дојде. Ќе ја имате, а нема да сметате на неа. Затоа препознајте ја на време и искористете ја. Повеќе луѓе ќе постигнат поголем резултат. Прифатете ја протекцијата, ја заслуживте.
Здравје и совет: Верувајте во подобро утре.
ВодолијаВодолија
 20.01-18.02
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Несогласувањата во личните односи и уште повеќе во вашите љубовни очекувања ќе придонесат да се чувствувате фрустрирано или осамено. Ќе биде добро да го прифатите она што е и без големи амбиции да чекате поволни денови. Тие ќе дојдат.
Работа: Можеби сè уште нема да ја видите предноста на новата фаза во која влегувате, но ќе се чувствувате интуитивно. Токму интуицијата ќе ви биде главен водич во работата оваа седмица. Ако се двоумите, само застанете и внимателно послушајте го својот внатрешен глас. Нема да има грешка.
Здравје и совет: Побарајте рекреација за себе.

РибиРиби
 19.02-20.03
ЉубовРаботаЗдравје
544
10 до 16 ноември 2014
Љубов: Вашите лични односи од оваа седмица ќе се развиваат полесно и похармонично. Ќе бидете порелаксирани и посреќни што е така. Сè она што ве мачело некако ќе олабави, па ќе ви се чини како ништо да немало. Многу парови ќе го подобрат својот однос.
Работа: Пуштете ги другите да се изразат, а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете ништо да направите на своја рака. Бидете разумни, трпеливи и верувајте дека подоцна сè ќе дојде на свое место. Поинаку не може.
Здравје и совет: Ништо не се случува случајно. Вие тоа многу добро го знаете.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------Пушин Хороскоп 13.11.2014

No comments:

Post a Comment