Tuesday, November 18, 2014

Пушин Вселена-НАСА објави фотографии од непознат објект во морето на месечината Титан

Пушин Рубрика (Вселена)



НАСА објави фотографии од две непознати објекти во најголемото море на месечината на Сатурн - Титан. Астрономите ја забележале оваа појава пред извесен период, но интересното е дека е видлива на фотографиите од 2013 година, но не и на најновите фотографии направени во август.
Едно од можните објаснувања е промената на годишните времиња на Титан.
Исто така постојат и четири различни теории за можните причини за разликите во изгледот на морето.
Првата вклучува зголемена брзина на ветерот, додека втората претпоставува замрзнување на морето. Третата превидува разни материјали кој пловат по морето, додека четвртата ја разгледува опцијата за подводни гасови.
„Можеби станува збор за бранови, а можеби е нешто поцврсто од течност. Она што го знаеме е дека нешто создава рефлексија на површината на морето“ - изјави Џејсон Содерблум од МИТ.
Водените површини на Титан се составени од течни форми на етан, метан и пропан

No comments:

Post a Comment